„Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови на моето срце во вашите раце.“

 Васил Гарванлиев преку ВИДЕО јавно се извини за недоразбирањата што настанаа изминатите денови откако во неговиот видео запис, наводно се појавило бугарско знаме, а потоа се споделуваше и видео во кое се вели дека освен македонско. има и бугарско државјанство. Интервјуто кое циркулира деновиве е објавено пред повеќе од година. 

Тој додава дека го сменил кадарот од видео записот откако во јавноста било разбрано дека се промовира знамето на Бугарија преку едно уметничко дело изложено во Даутпашиниот амам. Гарванлиев вели дека поради критика за ланскиот видео запис, решил годинава во истиот да прикаже дела од повеќе македонски уметници, поради што се снимало во оваа галерија. 

По сето ова, јавноста реагираше дека тој не треба да ја претставува Македонија на Евровизија, а на социјалните мрежи се покрена и петиција  да го повлечат од натпреварот. 

На твитер пак, твитерџиите се поделени. Едни сметаат дека ако Васил нè претставува, тоа е срам за Македонија, додека пак други сметаат дека треба да се фокусираме на уметноста и талентот на пејачот, бидејќи ниту е прв, ниту единствен со двојно државјанство и во Македонија, но и воопшто на Евровизија.

На крајот од денот едно е јасно – Имаме одлична песна, имаме човек кој 30 години се занимава со музика, и човек кој има настапувано низ целиот свет. Во музиката нема политика, нема раса, нема боја, има љубов има човештво, има енергија. Една ненамерна грешка не е доволна за сето ова што го трпи Васил. Нема толку лоша енергија колку што имам јас да давам љубов со отворено срце кон сите, вели тој. Да научиме нешто од ова.