Во тоа време, атрактивната водителка и пејачка веќе пет години се гледала со грчкиот банкар Симеон Оцомокос, нејзиниот сегашен сопруг.

Една од најпознатите лото-девојки во поранешна Југославија, атрактивната Сузана Манчиќ (64) со жалење се сеќава на тешката ситуација во која се наоѓаше откако во 2005 во јавноста излезе нејзината домашна секс-снимка на која се гледа како Манчиќ води љубов со поранешниот сопруг. Разбирливо, секс-снимката предизвика вистинска бура во јавноста.

Никогаш не се дозна кој ја објавил, а Манчиќ за српските медиуми признава дека се разболела од силниот стрес. 

Никој не ми помогна, освен неколку пријатели и децата. Во еден момент им реков никому да не кажуваат дека сум им мајка, а мојата Наталија ми рече: ‘Горда сум што си моја мајка’. Тоа се некои работи што ве воздигнуваат. Никогаш не знаете што ве чека во животот, но мора барем пред себе да бидете чисти. Од силниот стрес имав зголемен холестерол, добро поминав, можеше да биде и многу полошо“, раскажува Манчиќ.

Манчиќ вели дека во тоа време ѝ било исклучително тешко, со оглед на тоа што поради смртта на нејзината мајка, веќе била емоционално разнишана.

Фото: Бошко Карановиќ

Се чувствував како да ме обесиле гола среде плоштад. Поради смртта на мајка ми, јас веќе бев емотивно потресена, а моите две девојчиња беа во критичните години на пубертетот. Тие требаше да одат на училиште, а јас морав секој ден да излегувам на улица. Се чувствував засрамено и никогаш не ми било потешко во животот, а уште потешко ми беше, затоа што некои тврдеа дека самата јас сум го објавила видеото во јавноста“, вели водителката.