Популарниот диџеј Дејвид Гета (53) веќе неколкугодини ужива во љубовта со 25 години помладата Џесика Лед. Вљубените гулапчиња се неразделни и главно може да се забележат на плажа, каде што не се срамат да разменат и нежности.

Славниот ди-џеј не крие дека е лудо заљубен во 28-годишната убавица, а и тој самиот покрај неа изгледа како младо момче.

Инаку, Гета претходно 22 години беше во брак со Кети Лоб, со која има и две деца. Парот се разведе уште во 2014 година, а неколку месеци подоцна беше откриена неговата врска со атрактивната Кубанка поради што се шпекулираше дека причината за разводот е токму атрактивната Џесика, но тоа никогаш не беше потврдено.