Погребот на принцот Филип ќе се одржи во сабота и ќе се емитува на телевизија, пишува „Скај њуз“.

По шпекулациите дека Меган Маркл повторно ќе дојде во кралското семејство се огласи и потпаролот на Бекингемската палата.

Имено, принцот Хари ќе присуствува на погребот на неговиот дедо, но без Меган Маркл.

Бидејќи парот моментално живее во Калифорнија, докторката ја советувала Меган Маркл која е бремена да не патува во Велика Британија поради нејзината состојба и коронавирусот.

Потсетуваме, принцот Филип почина во петок на 99 години.