Македонските фудбалски репрезентативци денеска во 13.30 часот ќе слетаат во Скопје, но поради мерките кои се на сила, групирањето е забрането па нема да може да ги пречекаме хероите како што заслужуваат.

Веруваме дека во едно друго време, скопскиот аеродром ќе беше блокиран, фудбалските фанатици ќе ги дочекаа нашите фудбалски мајстори, кои најавија уште поубави денови, најавија дека на ЕП имаат што да покажат.

Дел од репрезентативците нема да се задржат во Скопје, веднаш ќе заминат кон земјите каде имаат клупски обврски, пишува Спорт медиа.