Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е главна тема по убедливиот триумф на Македонија против Лихтенштајн со 5-0 во квалификациите за Светското првенство затоа што пцуеше по голот кој го постигна од пенал.

Несторовски по натпреварот веднаш објасни дека пцовките биле испратени кон три личности, кои му се заканувале, а не кон македонската јавност.

Напаѓачот и покрај тоа не ја смири јавноста, па реши да испрати ново извинување.

Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста.  Не се упатени нa јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе.  Не го направив  тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со  студена глава.  За мене, Македонија е над сè!  Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа!  И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно!  Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент!  Беше за поединци.  A со критикитe сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера.  Критиките ме мотивираат,а личните навреди се нешто сосема друго!Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега!  Кога резултатите не беа најдобри, менував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство!  Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам!  Уште едно извинување, и напред МАКЕДОНИЈA.