Често се случува паровите кои биле во врска долго време да бидат игнорирани. Без да објаснат што се случило – мажите го прават тоа почесто.

Жените тогаш имаат безброј прашања и „кршат глава“ размислувајќи што погрешиле.

Постојат неколку потенцијални причини, па ако некогаш се најдете во таква ситуација, добро размислете за следниве работи.

Тој почувствува дека вие сте повеќе заинтересирани за него

Понекогаш, кога мажите ќе почнат да забележуваат дека жената „полудела“ по нив, тие губат интерес и не сакаат да бидат во таква врска. Тие не сакаат да ја менуваат својата рутина за да ве задоволат, а не треба ниту вие, заради нив.

Покрај тоа, понекогаш мажите не можат да се справат со вашите чувства, особено ако се интензивни.

Некои мажи, штом почувствуваат дека жената не е премногу заинтересирана, бегаат од неа. Тие не сакаат да се стават во ситуација да бидат повредени или оставени зад себе, па затоа претпочитаат да раскинат сами. Во оваа ситуација, можете да ги поправите работите – само обидете се малку повеќе и покажете повеќе интерес за него.

Тој не сака да се расправа, полесно е да ве игнорира

На мажите им е многу тешко да влезат во конфликти и расправии со жени, а експертите велат дека тоа е затоа што сакаат да ги избегнат солзите на жената поради што ги гризе совеста. Ако го прашавте што не е во ред и тој не сакаше да открие, нека оди. Му дадовте можност да каже што го вознемирува, а ако тој не го сака тоа, најдобро е секој да тргне по својот пат.

Додека некои мажи обрнуваат внимание само на една жена и излегуваат со неа, други сакаат да бидат со неколку жени истовремено за да ги „истражат сите опции“. Кога таквите луѓе ќе решат да се посветат само на една жена, тие многу веројатно целосно ќе го прекинат контактот со сите други.

Бидејќи не можете да го промените карактерот, кога ќе забележите дека тој не излегува само со вас, треба да му кажете што очекувате од него.