Вкупно 72 проценти од мажите, кои се во врска, им рекоа на истражувачите од Универзитетот во Мерсебург дека нивните односи не се влошиле поради коронавирусот, а 16 проценти изјавиле дека нивните односи дури и се подобриле.

Според водачот на студијата Хајнц-Јирген Вос, професор по сексологија и сексуално образование, само 12 проценти од мажите кои се во врска изјавиле дека мерките за самоизолација воведени како дел од борбата против коронавирусот ги влошиле нивните сексуални односи.

Од анкетираните жени, 30 проценти рекле дека сексуалниот однос со нивниот партнер е подобрен, за 58 проценти состојбата останала непроменета, а 12 проценти рекле дека нивната врска е полоша.

Меѓународно истражување на Институтот за сексуално истражување на Медицинскиот центар на Универзитетот во Хамбург-Епендорф (УКЕ) доби слични резултати.

– Половина од испитаниците не забележале никакви промени во сексуалните односи со партнерот. Повеќе од оние што ги забележале промените пријавиле позитивни промени – изјави шефот на германскиот дел од истражувањето Јохана Шредер.

Во истражувањето учествуваа и институти во Турција, Хрватска, Португалија, Шведска, Холандија, Франција и Чешка.

– Во основа луѓето имаат почести и подобри односи за време на мерките за затворање. Очекуваме повеќе од 50 проценти од паровите да имаат подобро сексуално искуство. Во време на криза, романтичните и сексуалните врски обично се интензивираат. Љубовта и сексуалноста се начините на кои можеме да добиеме чувство на сигурност, вели берлинскиот психотерапевт Волфганг Кругер, автор на „Исполнета сексуалност“.